Порано беше активна на модната сцена, а сега и посветена на сосема друга професија. Манекенката Маја Глигоровска, позната по прекарот Маја Г, е наставник од прво до петто одделение. Маја е посветена мајка на Константино, синот кој го има од поранешниот сопруг Никола Николовски.
“Се повлеков од манекенството затоа што го достигнав врвот. Јас сум дипломиран одделенски наставник и оваа работа ме исполнува”, изјави Маја. Таа беше член на модното студио “Црнокрак”.
Неодамна, Маја се фотографираше со модниот менаџер Мики Црнокрак, и со уште неколку поранешни колешки и пријателки. “Најдоброто од Црнокрак”, пишува на фотографијата. Додека се занимаваше со манекенство, Глигоровска има освојувано многу титули. Најважна е онаа за Мис бикини Универзум во Кина, пред 12 години.