Шеснаесетгодишниот Ејден Фучи, кој ја убил својата пријателка Тристин Бејли (13) прободувајќи ја 114 пати, е осуден на доживотен затвор во судот.
Тој е осуден поради, како што изјавил судијата, болна „желба“ да „почувствува како изгледа да убиеш некого“, пренесува Дејли Мејл.
Фучи, кој тогаш имал 14 години, се изјаснил за виновен за убиство од прв степен што се случило во мирна населба во Сент Џонс, Флорида во 2021 година.
Како малолетник, Фучи не можело да биде осуден на смрт и има 30 дена да се жали на одлуката на судот. Исто така, неговата казна може да биде ревидирана по 25 години.
„Тристин Бејли беше свесна, беше свесна и правеше сѐ што можеше за да се одбрани од нападот на Фучи“, рече судијата Смит, додавајќи дека девојчето претрпело „болна, ужасна смрт од рацете на некој на кого му верувала“.
Судијата рече дека има само „една соодветна казна во овој случај“ пред да ја донесе пресудата.
Во предвид биле земени годините на Фучи, менталното здравје, домашниот живот и писмата од семејството на момчето, како и фактот дека тој бил „единствениот учесник“ и „100 отсто одговорен за ова убиство“.
За време на денешното изрекување на пресудата, судијата Смит рече дека ова е еден од „најтешките и најделикатни случаи“ во областа во неговата 16-годишна пракса.
Судијата верува дека однесувањето на Фучи пред убиството покажало „засилено ниво на предумисла“ и дека изгледа дека ги разбирал последиците од своите постапки.
Тој исто така рече дека загрижува тоа што се чини дека немал мотив за убиството и дека тоа е извршено „за ништо друго освен за да се задоволи внатрешната желба на обвинетиот да почувствува како е да се убие некого“. ‘
Фучи рече дека во писмото упатено до семејството на жртвата, напишал дека му е жал и се извинил на сопственото семејство, како и на неговите блиски.