Во светот се користат над 1.900 инсекти во исхраната, а постои можност некои да се јадат или да ги испиете ненамерно.
Доктор Каран Рад, многу популарен на социјалните мрежи, во едно видео објаснил дека доколку пиете претходно мелено кафе, голема е веројатноста дека ќе испиете и парче лебарка.
„Претходно меленото кафе, како она во продавниците, содржи мелени лебарки. Одреден процент на зрната кафе се заразуваат со лебарки и други инсекти. Вообичаено не можат целосно да се преработат, па само се печат и мелат со зрната кафе“, објаснил тој.
Докторот додал и дека поголем дел од надлежните тела за контрола, дозволуваат одреден процент делови од инсекти во нашата храна.
На крајот на видеото докторот дал и утешни зборови за оние кои не се љубители на инсекти додавајќи дека лебарките содржат многу протеини.
Меѓутоа, постојат луѓе кои се алергични на инсекти во било кој облик да се наоѓаат, па советувал тие да избегнуваат мелено кафе. Затоа подобро е да си го купите она во зрна и сами да го сомелете.