Чаршиските муабети пренесоа дека македонската фолкерка, Сузана Гавазова си купила лоша чанта од Бит-Пазар. Сепак, пејачката беше длабоко погодена од ваквите муабети и си ја отвори душата и раскажа што и како било.
„Претпоставувам од кои извори потекнува оваа дрска лага, но јас не сакам да демантирам, туку да им ја кажам на сите луѓе вистината. Од Бит-пазар секако дека не купувам чанти за 600 долари. Не дека ги потценувам луѓето кои таму чесно заработуваат за живот, токму напротив јас им се восхитувам на тие луѓе. Моите финансии ми дозволуваат да си купувам на некои други места било каде во светот. Чантата поради која се крена медиумски прав е купена во Цирих во Швајцарија за 1.300 евра“, изјавила пејачката за Вечер.