Веб-страницата „Jersey Island Holidays“ неодамна објави листа на најевтини дестинации за кратки романтични патувања во Европа, а на листата се наоѓа и нашето Скопје.
Како што наведуваат, ако имате ограничен буџет, а сакате да отидете на романтичен викенд, оваа листа на дестинации би можела да ви биде од корист.
Анализирајќи ја просечната цена на такси, алкохол, сместување, вечери и други работи за два дена, тие создале листа на најприфатливи европски дестинации за двајца.
Па така, прв град на листата бил град од Србија. Ниш е избран за најевтин град во Европа, каде што можете да поминете романтичен викенд. Според нив, просечната цена на викенд во Ниш е околу 114 фунти. Опишан е како ризница на работи од римски урнатини и средновековни утврдувања до антички бањи.
Втор град на листата е Бања Лука со просечна викенд цена од 122 фунти.
На трето место е уште еден град од БиХ, Тузла, каде просечна цена за викенд за двајца изнесува 125 фунти.
На оваа листа е и Скопје, потоа Приштина, Подгорица, Кишињев, Дебрецен, Лублин и Белград.