Овен
Ќе уживате во најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер. Здраствената состојба е доста добра, повеќе внимание би требало да обрнат оние претставници кои имаат некои хронични заболувања.
Бик
Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер сте се свртиле еден од друг. Здраствената состојба ви е одлична, но сепак бидете внимателни.
Близнаци
Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол, но нема да ви треба многу време за да можете јасно и прецизно да ги изразите вашите намери и идеи.
Рак
Ќе се почуствувате празно и безволно. За среќа таквото расположение нема даолго да трае. Односите со луѓето нема да бидат без проблеми и несмеете да се обесхрабрите од недоразбирањата кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи. Во работниот живот нема да се случат промените кои сте ги очекувале. Ќе треба да причекате. Финансиската ситуација е задоволителна.
Лав
Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Лавови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.
Девица
Никако да попушите. Многу сте амбициозни особено во момент кога сите планираат или заминуваат на годишен одмор. Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премног ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Можна е сериозна врска.
Вага
Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да се посветите на работата или пак некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во моментот ќе биде најдобро за вас. Љубовта во моемнтот е стабилна. Не ја пропуштајте среќата и имајте доверба во себе си. Здравје: добро.
Скорпија
Многу ќе се грижита за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури (колега од работа). Ќе го привлекувате вниманието во кругот на вашите познаници. А во сериозните врски ве советуваме да обрнете повеќе внимание на физичката блискост.
Стрелец
Ви се заканува опасност од кавги и расправии, па затоа не ги предизвикувајте, бидејќи изгледите не ви се добри. Настојувајте да го одложите и решавањето на некој проблем. Ќе мора да бидете многу внимателни за да можете да го постигнете тоа што го сакате со што помалку штета. Односите со околината не ви се најдобри , така што ќе се чуствувате многу осамено. Здравје: нежно, проблеми со стомакот.
Јарец
Денот е успешен за остварување на сите видови на комуникација, вклучувајќи го и патувањето. Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични. Некои претставници ќе донесуваат некоја важна одлука.
Водолија
Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поабициозните работите поврзани со пари ќе имате успех. Во љубовта состојбата стабилна, но не многу инспиративна. Слободните претставници разочарани од моменталната состојба.
Риби
Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата. Здравје: се чуствувате изморено, ви треба повеќе часовно спиење