Грчката новинарка Алексија Калаици, која ноќта ја помина кај сообраќајната несреќа во која се судрија два воза, разговарала со преживеаните и тврди дека повеќето патници во патничкот воз биле студенти кои се враќале од празниците.
Вели дека морале да ги кршат прозорците за да можат да излезат од возот.
„Разговаравме со многу млади луѓе кои беа во потполн шок. Едно момче, 20-годишно, ни рече дека мислел оти ќе умре, кога слушнал силен удар, потоа почувствувал како целиот вагон оди на страна и целиот се срушил. Морал да побегне низ дупка“, вели Калаициа.
Додава дека патниците морале со багажот да ги кршат прозорците и да побегнат од вагоните.
„Ги виделе првите два вагони во пламен и чад, луѓето во паника бегале и врескале“, опишува новинарката.
Луѓето се кои разговарал повеќето биле студенти кои се враќале од празниците.
„Најтешко им било на родителите кои на железничката станица во Солун ги чекале своите деца и не можеле да ги пронајдат“, вели таа.
Бројот на загинати порасна на 36, а најмалку 80 се тешко повредени.
Инаку, грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.
Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.
Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.
Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.
Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.
Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.