Актерот Џенсен Панетиер ненадејно почина на 19 февруари во Њујорк на 28-годишна возраст.
Семејството на младиот актер во оваа прилика се огласи и во своето соопштение изјави дека Џенсен починал од зголемување на срцето и компликации со аортната валвула, пишува „Дејли мејл“.
Џенсен бил пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк од неговите пријатели кога дошле да го проверат бидејќи пропуштил состанок. Го затекнале како „седи исправено на столот и не реагира“ и почнале да го оживуваат, но безуспешно.
„Неговата харизма, топлина и сочувство кон другите и неговиот креативен дух ќе живеат засекогаш во нашите срца и во срцата на сите што ги запознал. Лекарот пријавил дека ненадејната смрт на Џенсен била поради кардиомегалија (зголемување на срцето), заедно со компликации од аортната валвула“, се вели во соопштението на семејството.