Украинскиот претседател Володимир Зеленски на телевизиските новинари им го покажа привременото сместување во кое вели дека живее од почетокот на војната, пишува ДПА.
„Јас живеам овде“, рече Зеленски во прилогот на новинарот Дмитро Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија 1+1.
Зеленски рече дека тука престојува од 24 февруари 2022 година, кога започна руската инвазија на Украина.
Клип од видеото на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.
Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси. На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а можете да ги видите и телевизорот, столот и работната маса.
Зеленски во видеото на камерманите им го покажува и неговиот плакар, каде што висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот се војнички чизми.
Ова е мојата „обична облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.
Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот.
„Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски низ насмевка,пренесе Индекс.хр.
"This is where I've been living for a year" – @ZelenskyyUa showed Ukrainian journalist Dmytro Komarov his wartime living conditions and his wardrobe. pic.twitter.com/0McF8EEHUf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 25, 2023