Француската полиција денеска уапси малолетно момче, ученик во средно училиште, под сомнение дека утринава ја убил својата професорка.
Полицијата околу 10 часот добила пријава дека жена (50) била избодена со нож од 16-годишен ученик.
Според првичните информации, осомничениот за убиството бил ученик во одделението каде убиената предавала шпански.
Засега не е познат мотивот за убиството, како и дали нападот се случил за време на часовите.
„Не ја знаеме причината за ова дело. Можам да потврдам дека малолетникот е приведен“, соопштија од полицијата.