Маж во градот Галена Парк, Тексас, застрелал три тинејџерки, од кои едната била бремена, сексуално нападнал 12-годишно девојче кое потоа успеало да побегне, а потоа извршил самоубиство, јави денеска АП.
Според агенцијата, убиените девојчиња биле на возраст од 19, 14 и 13 години, а откако ги убил, мажот сексуално нападнал 12-годишно девојче, кое потоа побегнало од куќата и со себе понело едногодишно девојче која исто така било во куќата.
Двете се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата на Галена Парк.
Шерифот на округот Ед Гонзалес изјавил дека полицијата досега не можела да најде мотив за злосторството, објаснувајќи дека „немало смисла, сѐ е трагично“.