Веб-страницата Top Tens објавила листа на „најглупавите земји“ во 2023 година. Хрватска е на прво место, Србија е на четврто, а Босна и Херцеговина е на 18 место.
Имено, 18 отсто од гласачите сметаат дека Хрватска е најглупава. Во коментарите зборувал и корисник кој тврди дека живеел таму.
„Луѓето ги мразат буквално сите нации и религии. Само прочитајте ги нивните коментари на социјалните мрежи кои го потврдуваат тоа. Тие навистина не се двоумат да шират омраза на Интернет. Тоа е нормално за хрватскиот народ“, напишал тој.
Зад Хрватска се Соединетите Американски Држави и Северна Кореја. Србија е на четврто место со четири отсто од гласовите.
„Тие сакаа да бидат Голема Србија на штета на нивните соседи, но станаа територијално намалени. Постои голема неписменост, општо незнаење и верување дека Србите се ‘небесниот народ’“, вели еден гласач.
Босна и Херцеговина освои два отсто од гласовите и со тоа го зазеде 18-то место. Еден коментатор смета дека „голема казна е да се припаѓа на таа нација“.
„Луѓето се полни со омраза, завидливи и лажат дека се религиозни и морални, а 90 отсто од нив се вистински лицемери. Сакаат да изневеруваат и да зборуваат лошо еден за друг. Кога некој е успешен во БиХ, повеќето од другите ќе дадат се од себе да го оспорат неговиот успех“, смета тој.
Македонија ја нема меѓу првите 100 земји, што може да значи дека никој од гласачите не престојувал на наши простори…
Комплетната листа на „најглупавите“ земји можете да ја погледнете овде.