34-годишна мајка од Илиноис скокнала со својот 5-годишен син од замрзната карпа висока 27 метри кај Нијагарините водопади.
Полицијата соопшти дека мајката, која не е именувана, намерно скокнала откако се искачила преку ограда на островот Кози во државниот парк Нијагара, пишува Дејли мејл.
Нејзиното тело е пронајдено во близина на комплексот Пештерата на ветровите, лоциран на американската страна од водопадот на границата со Канада.
Момчето било спасено и пренесено во Детската болница во Бафало со повреди на главата. Мајката починала, а нејзиното тело со хеликоптер е извлечено од клисурата. Момчето е оперирано и е во критична состојба.
Жената дошла на Нијагарините водопади со сопругот и синот. Полицијата го испрашува сопругот, но и други сведоци. Началникот на полицијата на Њујорк, Крис Рола, вели дека истрагата е во тек, но полицијата не верува дека станува збор за несреќен случај. Портпаролот на државната полиција рече дека трагичниот настан се третира како самоубиство.