Турската новинарка Бирсен Алтунташ објави дека актерката Џансу Дере е жива и здрава и дека им помага на граѓаните повредени во земјотресот, но и дека нејзината куќа била во епицентарот на земјотресот. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како познатата актерка им помага на настраданите на земја.
Турските медиуми пишуваат дека актерката несебично им се придружила на граѓаните и хуманитарците за да им пружи помош на сите на кои им е потребна.
Таа се прослави во турските хит серии 43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.
Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ во 2004 година, а следната година глумеше во три серии. Две години подоцна ја доби главната улога во хит-серијата Сила која ја прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Инфиел и светскиот хит „Сулејман Величествениот“.