Момче и девојка паднале од зграда во населбата Центар, по што момчето го загубило животот, а девојката е хоспитализирана и се бори за живот.
Според информациите до коишто дојде Плусинфо, девојката е пејачка на познат скопски бенд, а се очекува наскоро да се разбуди од кома и да просведочи за деталите на трагедијата.
Како што веќе објавија дел од медимите, полицијата сѐ уште не го класифицира случајот како обид за двојно самоубиство.
-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Плусинфо