Турската новинска агенција објави снимка од спасување на две сестри од урнатини на зграда. Припадниците на противпожарните единици од Анталија утринава од урнатините прво ја извлекле 15-годишната Ајфер, а потоа и нејзинита 13-годишна сестра Фатма кои биле заглавени под урнатините повеќе од четири дена.
Додека ја спасувале, Ајфер од пожарникарите побарала да и ја пуштат нејзината омилена песна на мобилен, што и го направиле.
Спасувањето на сестрите траело околу десет часа.
https://twitter.com/i/status/1623962310824845313
Инаку, бројот на загинати од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 21.700 и може да продолжи да расте додека спасувачките тимови ги пребаруваат урнатините на илјадниците урнати згради.
Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата разорни земјотреси што го погодија регионот во понеделникот.
Оттогаш спасувачите се тркаат со времето, но со секој час се намалуваат шансите да се најдат преживеани под урнатините.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.