Спасувачите во Сирија и Турција прават натчовечки напори да извлечат десетици илјади луѓе заробени во урнатините по серијата разорни земјотреси.
Една од акциите се одвива во Турција, каде спасувачите успеале да стигнат до момче од Сирија кое 45 час поминало на студ без вода и храна.
Она што успеа да ги насолзи милионите кои го видоа видеото е сцената во која спасувачите му даваат капки вода на двегодишниот Мохумад од капаче за шише, кој, според локалните медиуми, бил заробен цели 45 часа. Засега нема информации дали конечно е извлечен од урнатините. Чудо е што спасувачите воопшто успеале да го пронајдат, но и што речиси два дена сам преживеал на температури под нулата, закопан.
Последните податоци покажуваат дека во Турција и Сирија како последица од земјотресот загинале 9.400 луѓе.
https://twitter.com/i/status/1623076625851076610