Испокршено е стаклото од влезот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, објавија бугарските медиуми.
Информацијата дека е каменуван излогот на клубот ја потврди и бугарската полиција која извршила увид. Каменувањето се случило синоќа околу 21 часот.
Овој инцидент се случи по вчерашните случувања на граничниот премин Деве Баир кога беа приведени тројца Бугари кои навредуваа полицајци и не ги почитуваа наредбите од униформирани лица и вербално ги напаѓаа. Синоќа тие беа протерани од Македонија и казнети по 300 евра.
Македонскиот клуб беше отворен лани во октомври.