Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на Помурска магистрала во Словенија, а во која учествуваше автобус со странски регистарски таблички.
Според неофицијални информации, се работи за автобус со романски регистарски таблички. Поради оваа сообраќајка затворен е автопатот кон Мурска Собота, јави словенечката телевизија Н1.
Полициската управа Мурска Собота соопшти дека неколку минути по 05:00 часот на Помурска магистрала кај клучката Липовци кон Марибор се случила тешка сообраќајна несреќа. Во текот на полициската истрага на местото на несреќата, бројот на загинати се искачи на три, а повредени се повеќе лица.
Се уште не е позната причината за несреќата,пренесе Блиц.рс.