М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Самата љубов не е доволна за здрава врска, не е основа за здрава врска туку е нејзин продукт.
Ние сите сакаме среќна и хармонична врска во која се чувствуваме ценети, почитувани, безбедни. Но, ниедна врска не е перфектна!
Основни компоненти на здрава врска:
Можете да бидете свои, автентични во врската. Се чувствувате удобно и безбедно за да бидете вашете вистинско и необработено Јас со вашите особености, расположенија, ранливости. На почеток на врската тежнееме да го покажеме најдоброто од себе, се носат многу маски. Не сакаме да ги покажеме недостатоците, несигурностите. Но, со текот на времето, треба да можете да бидете повеќе свои, без да се грижите дека партнерот ќе избега. И обратно, и партнерот треба да може да биде она што е без да го судите или срамите.
Имате доверба еден во друг, си верувате, врската се темели на довербата. Ако нешто ве вознемирува и ве прави несигурни може со партнерот да разговарате. Довербата значи дека сте искрени еден со друг и кога е непријатно. Ако некој направи грешка другиот очекува да биде искрен и да му каже. Довербата се заснова на чувството на сигурност во себе и за себе. Колку сте посигурни за себе толку повеќе доверба ќе имате и во партнерот. Но и најсигурната личност може да ја изгуби довербата во партнерот ако таа личност претходно ја нарушила довербата која постоела во врската. За да повторно се изгради доверба потребно е време и работа од двата партнера.
Меѓусебното почитување е голема работа во врската. Да почитуваш некого значи да се однесуваш добро со него, дури и ако не се согласуваш со неговите уверувања. Се почитувате еден со друг и покрај несогласувањата, недостатоците, различните верувања. Се почитувате поради одредени квалитети и карактерот. Тоа значи дека не се:
– омаловажувате
– исмевате
– етикетирате
– посрамотувате
– манипуриртате, емоционално
– врескате еден на друг.
Добрата комуникација е знак за здрава врска. Никој не се плаши дека ако зборува ќе има конфликт со кој ќе треба да се справува, не мора да ги потиснувате емоциите, да лаже и манипулира или да повтрува безброј пати само за да привлечете вниманието од партнерот. Партнерот треба да е личноста со која се чувствувате безбедно за да разговарате за било што. И
вашиот партнер треба да го чувствува истото со вас. Добра вест е што комуникациските вештини се учат.
Наклонетоста слободно се дава и се добива. Партнерот во здрава врска не треба да се потсетува да му покаже на другиот дега го сака и цени. Тој едноставно тоа го прави. А примателот ја прима наклонетоста, не ја отфрла и не ја зема здраво за готово. Физичкиот контакт е важен за врската.
И двајцата се чувствувате слободни. Да се биде во врска не значи дека треба да се чувствувате како да сте во затвор и дека немате слобода. Она кон што се стремиме е меѓузависна врска, и двајцата да имате добро самочувствие за себе во и надвор од врската. Можеби за некои потреби “зависите” еден од друг, но не за сите. За задоволување на потребата за социјална дружба може еднаш неделно секој со свои пријатели да оди на спорт, кафе…