Познатиот хирург од ВМА, Никола Остојиќ (48), вчера бил уапсен поради семејно насилство. Според информациите, веќе подолго време физички ја малтретирал својата сопруга.
Завчера, околу 17 часот, соседи на брачната двојка, кои слушнале тепачка и расправија, повикале полиција. Вратата им ја отворила неговата сопруга, која рекла дека само вербално се расправале, но полицајците ги забележале повредите и побарале да ја однесат на преглед.
Тогаш клопчето на страшното насилство почнало да се отплеткува. Лекарите констатирале сериозни повреди – скршени ребра, надлактница, хематом на главата и набиеници по целото тело. По прегледот во болницата во Земун, била пуштена на домашно лекување.
Неофицијално, сопругата во исказот пред полицајците рекла дека „малтретирањето траело 27 дена и едвај го преживеала“. Како што информира „Телеграф.рс“, таа изјавила дека сопругот ја тепал со сукало, ја давел со сајла, уринирал врз неа и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.
Брачниот пар има и три малолетни деца, кои, неофицијално, и самите трпеле ќотек од татко им.
Во истрагата полицијата запленила и два пиштола. Истрагата ја води Третото основно јавно обвинителство во Белград, а познатиот хирург ќе биде сослушан утре.
Тој се товари за кривично дело семејно насилство.