Германка од ирачко потекло на возраст од 23 години на Инстаграм ншла двојчничка, односно девојка која неверојатно личела на неа, и со помош на пријател ја убила за да ја лажира сопствената смрт, веруваат истражителите во Баварија, пренесе Гардијан.
Кога телото на младата жена прекриено со крв било пронајдено во паркиран „мерцедес“ во Инголштад во јужна Германија, жртвата иницијално е идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка со ирачки корени од Минхен.
Неверојатен пресврт
Иако некои членови на семејството на Шарабан К. го идентификувале телото, обдукцијата која е направена следниот ден поттикнала сомнежи дека се работи за вистинската жртва. На крај, жртвата е именувана како Кадиџа О, алжирска блогерка за убавина од Хелбрун во соседната сојузна држава Баден-Вуртемберг, исто така на возраст од 23 години.
Двете имаат црна рамна коса, сличен тен, а со шминка двете жени изгледале неверојатно исто, вели полицијата, што ги наведе германските медиуми случајот на го наречат „убиство на двојничка“.
Заедно со 23-годишен Косовар, Шекир К., Шарабан К. е задржана во притвор во Баварија на 19 август 2022 година, иако властите јавно не нагаѓаа за мотивот се до оваа недела. Жртвите и обвинетите наречени се со иницијали, што е вообичаено во гермаснкиот правен систем.
Сакала да се сокрие, па на Инстаграм нашла двојничка, ја намамила да се сретнат и ја убила
„Истрагата нѐ доведе до претпоставката дека обвинетата сакала да се сокрие поради семејна кавга и во таа смисла да ја лажира сопствената смрт,“, рече во понеделникот Вероника Грејсер од обвинителството.
Полицијата вели дека Шарабан К., која делувала на социјалните мреќи под бројни имиња, контактирала неколку жени кои биле слични на неа во неделата по убиството. „Со различни ветувања се обидела да издејствува средби, што на почетокот било неуспешно“, вели Грејзер.
Но, Кадиџа О. се согласила да се сретне со Шарабан откако оваа ја намамила нудејќи ѝ козметика. Наводно, од нејзиниот стан на денот на убиството Шакир и Шарабан ја зеле со автомобил и ја однесле во блиската шума. Двајцата обвинети измислиле причина поради која Алжирката излегла од автомобилот, а потоа ја претепале и избоделе до смрт.
Убиена е со 50 убоди со нож
„Оружјето од злосторството не е пронајдено, но доказите се бројни“, вели портпаролот на полицијата Андреас Ајшеле за „Билд“ „Жртвата е убиена со повеќе од 50 убоди со нож, потполно изобличена во лицето“.
Обвинителите тврдат дека двојката по убиството го подигнала телото на задното седиште на „мерцедесот“ и се вратиле во Инглштад. Паркирале во мирна резиденцијална населба покрај Дунав, каде телото го пронашле родителите на Шарабан пред полноќ на 16 август 2022 година.
Иако истрагите се во тек и уште треба да се сослушаат некоио сведоци, налози за апсење има за Шекир и Шарабан од 26 и 27 јануари. Нив двајца ги чека доживотен затвор ако бидат осудени.
„Ваков случај не добивате секој ден, особено со толку спектакуларен пресврт“, вели Ајшеле за „Билд“, „На денот кога го пронајдовме телото немаше ништо што би нѐ навело на ваков развој на настаните“.