Бизнисменот Дејл Чејни се фрлил од 54 кат од зграда во Њујорк. Вечерта престојувал во познат бар, кој се наоѓал во зградата на истиот кат, а како што пренесоа медиумите, ден претходно ѝ побарал развод на сопругата. Инцидентот се случил во средата во 18:30 часот по локално време.
Како што е соопштено од полицијата, се проверува дали станува збор за самоубиство, а претходно било соопштено дека Чејни и неговата сопруга два пати имале пријава за насилство во семејството, како и дека во главно се карале поради финансии.
Сопственикот на барот во кој Чејни последно престојувал, исто така се огласил.
„Навистина сме скршени поради ситуацијата која се случи вечерва на кровот на нашиот бар. Сите сме со семејството и пријателите на починатиот“, рекол сопственикот Том Блундел.
Тој додал дека цело време соработува со полицијата.
Чејни во 2013 година ја основал компанијата T-street capital, која се занимава со капитални вложувања и стратешки инквизиции. Исто така бил член на одборот и инвеститор во шест компании во четири различни држави, стои на неговиот профил на Linkedin.
Магистрирал деловна администрација на Универзитетот Харвард. Со сопругата и децата живеел во шестособен стан во Конектикат, чија вредност е проценета на околу 3,8 милиони долари. Непосредно пред да се случи трагедијата, две лица кои го виделе во барот, тврдат дека самиот скокнал.
Инаку, ова а втор пат во последните четири месеци некој да скокне од кровот на истата зграда.