Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.
„Кумановци повикуваат на блокада на патарината кон Скопје за да не се дозволи бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, наведено е во статус на Фејсбук, кој масовно се споделува во изминативе денови.