ТЕЛОТО НА ПРЕУБАВАТА ВАЛЕНТИНА НАЈДЕНО ВО КОФЕР: Дечкото ја задавил, ја распарчил и ја фрлил во ѓубре (ФОТО)

by Тони Зографски

Дечкото на Валентина Треспаласиос, инаку позната диџејка од Колумбија, е уапсен на аеродромот откако нејзиното тело било пронајдено распарчено во куфер – полицијата го обвинува за варварско убиство.

Телото на Валентина Треспаласиос во сина торба го открил бездомник, а нејзиното момче набрзо било уапсено на аеродромот во соседна земја. Злосторството се случило во Колумбија.

Жртвата имала само 23 години. Таа беше познат локален диџеј. Девојката била задавена до смрт и распарчена пред да биде ставена во куфер и фрлена во канта во Богота.

Џон Полуос, наводно, побегнал од земјата во Панама, каде што бил уапсен додека се обидувал да се качи на лет за друга земја – за која се верува дека е Истанбул, Турција. Тој беше единаесет години постар од неа.

Двојката се запознала осум месеци претходно на музички настан.

Наводно живееле заедно и планирале раскошна свадба.

Два дена пред смртта, Валентина и испратила на својата мајка Лаура видео на кое се гледа како таа и нејзиното момче добро се забавуваат.

Полуос чека во притвор каде ќе му се суди за фемицид.

останати вести