Паскале Сесил Вероник Фериер, жена со француско и канадско државјанство, денеска се изјасни за виновна за испраќање писма со отров до тогашниот американски претседател Доналд Трамп и осум полицајци од Тексас. Таа ги испратила гореспоменатите заканувачки писма со отров во септември 2020 година. Во својата исповед Фериер изјавила дека отровот го подготвила во својот дом во Квебек, а потоа го ставила во писмата.
„Вие ги уништувате САД и ги водите до катастрофа. Имам роднини од САД, па не сакам да бидеш претседател во следните четири години. Откажете се и повлечете ја кандидатурата за овие избори!“ напишала таа во своето писмо до тогашниот американски претседател, пренесува Си-Ен-Ен.
Обвинетата жена претходно била приведена во Тексас неколку недели во 2019 година, па решила да испрати писма до полицајците за кои верувала дека биле вклучени во нејзиниот притвор.
Откако ги испратила писмата од Канада, Фериер била уапсена додека се обидувала да ја премине американско-канадската граница со наполнет пиштол, стотици парчиња муниција и разни други оружја.
Фериер ќе биде осудена на 26 април, пренесе Индекс.хр.