10 лица беа убиени во Калифорнија за време на прославата на кинеската Нова Година. Нападот се случи во саботата вечерта по локално време во сала за танцување во Монтереј, мал град во непосредна близина на Лос Анџелес.
Неколку часа по нападот, напаѓачот беше пронајден мртов во комбето. Полицијата објави дека се самоубил.
Сега се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа моментот кога напаѓачот бил разоружан и принуден да побегне. Камерата го снимила 26-годишниот Брендон Цај како се бори со напаѓачот, му го зема оружјето и го принудува да бега, неколку моменти откако убил 10 луѓе.