Валери Собел (81), заедно со семејството од родната Унгарија, во 1956 година побегнала во далечната Канада во виорот на револуцијата против комунистичкиот режим и советското влијание.
„Се сеќавам како трчав, носејќи го мојот помал брат на грб, осум милји низ мочуриштето, за да можеме тајно да ја преминеме границата во Австрија“.
Семејството поминало многу време во бегалски кампови, а Валери немала поим дека нејзиниот живот ќе личи на филм. Почнала да глуми и во 1962 година добива улога во хит филмот „Господин Хобс зема одмор“ со легендарниот Џими Стјуарт.
Набрзо се преселила во Лос Анџелес и во 1971 година се омажила за Едвард Собел, со кого имала две деца.
Таа го напуштила актерството, се посветила на семејството и почнала да се занимава со уметност – склопувајќи необични скулптури од разни непотребни предмети.
Иако постигнала завидна кариера, нејзиниот живот го одбележале трагедии. Имено, нејзиниот син починал од тумор на мозокот во 1995 година, набрзо починала нејзината мајка, а починал и нејзиниот сопруг. Загубата на трите најблиски луѓе не ја скршила Валерија и оваа извонредна жена го посветила својот живот за да им помогне на оние кои се соочиле со слична судбина и ја основала фондацијата „Andre Sobel River of Life” (Андре Собел реката на животот).
„Ми требаа неколку години по неговата смрт, самоубиството на мојот сопруг и смртта на мајка ми за да најдам цврста основа. Сакав да најдам мисија да му оддадам чест на мојот син и тоа дојде речиси како откровение во пресрет на новиот милениум. Може ли нешто да биде полошо од она што го доживеав?”
Ја краси необична појава, а таа неодамна одговорила на прашањето како да се „преживее“ на овој свет:
„Да бидеш малку оддалечен и да не дозволиш да те допираат работи кои ништо не значат“.
Таа за Magazinec изјавила дека не ги прави работите со половина срце:
„Јасно е дека не сум конзервативна. Носењето шест дизајнери одеднаш е типично за мојот начин на облекување“. Таа истакнала дека „никогаш не би го носела Шанел од глава до пети“ и дека со задоволство ги поддржува дизајнерите како Алиона и Ирина Џус.