Пејачката Маја Саздановска се присети на својот покоен сопруг, Саша Лилчиќ кој почина пред неколку години. Таа објави нивна заедничка слика од насловна страница на списание. Маја во јавноста никогаш не прозборе за ненадејната смрт на сопругот кој ја напушти додека нивната ќерка Срна беше многу мала.
Маја одамна не е активна како соло вокал на музичката поп сцена, таа работи во службата за односи со јавност во Македонската опера и балет. Маја е дел од придружните вокали на Калиопи и ја следи на сите настапи. Претходно таа работеше во еден диет клуб.
“Не сум подготвена да снимам нова песна. Чекам душата пак да ми запее”, изјави Маја.