Тијана Дапчевиќ и Леонтина Вукомановиќ се добри пријателки. И двете пејачки живеат во Белград, и освен што ги спојува сличен вкус за музика, имаат деца кои се генерациски блиски. Вук на Тијана и Луција на Леонтина се дружат а тие често знаат да кажат дека кога децата ќе им пораснат ќе се посватат.
Двете пејачки учествуваа во заеднички проект, тие снимија албум со детски песнички. Често можат да се сретнат во Белград на заеднички ручек.