Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Киев.
Меѓу загинатите има три деца, а уште 15 се згрижени во болница, пренесе Би Би Си.
Министерот Денис Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот.
Неговиот прв заменик министер и државниот секретар, исто така, загинаа, соопштија официјални лица, кога хеликоптерот се урнал во предградието Бровари.
42-годишниот министер за внатрешни работи беше истакнат член на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски и одигра клучна улога во информирањето на јавноста за жртвите предизвикани од руските ракетни напади по инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Шефот на националната полиција Ихор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската служба за вонредни состојби.
Монастирски е најголемата украинска жртва од почетокот на војната во Русија, иако нема индикации дека несреќата била нешто повеќе од несреќа.
Заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Кирило Тимошенко, рече дека министерот бил на пат кон воено „жешко место“ кога неговиот хеликоптер се урнал.
По несреќата избувнал пожар во близина на градинката и децата и вработените биле преместени од зградата. Остатоци од хеликоптерот се видливи надвор од запалената зграда.
Во моментот на падот било темно и магла и првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда.
https://twitter.com/i/status/1615610683969740801