Кога имала само 15 години, Сораја била забележана од поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи додека бил во посета на нејзиното училиште. Гадафи не се двоумел да го добие она што го сака – набрзо испратил свои луѓе да го донесат девојчето од нејзиниот дом во Сирт. Таа, како и многу други девојки, беше принудена да стане сексуална робинка на Гадафи и дел од неговиот харем.
Исповедта на Сораја веројатно не се разликува многу од горчливите, ужасни приказни на други девојки, но нејзината ја виде светлината на денот во книгата „Харемот на Гадафи: Приказната за една млада жена и злоупотребата на моќта во Либија“ од француската новинарка Аник Козан. Сораја, чиј вистински идентитет е заштитен со овој псевдоним, без двоумење и многу детално го опишала своето трагично искуство, а книгата е поткрепена со сведоштвата на луѓето кои ја познаваат неа и другите девојки од харемот.
Еве мал дел од книгата во кој Сораја го опишува моментот кога првпат пристигнала во храмот и се соочила со својот нов живот.
Бев многу возбудена бидејќи требаше да го видам Моамер Гадафи во живо. Срцето диво ми чукаше. Училиштето ме избра да му подарам букет цвеќе. Сè се случи брзо. Му подадов цвеќиња, му ја бакнав раката и се поклонив, а Гадафи ме галеше по главата – рекла Сораја.
Тој ја погледнал во очи и рекол:
„Јас сум ти татко и брат. Ќе ми бидеш и љубовница. Ќе останеш со мене засекогаш.“
Сораја изјавила дека особено го мрази неговиот здив кој мириса на лук, тутун и виски.
Таа истакна дека тој бил садист, дека ги малтретирал на многу начини, но и дека ги силувал кога имал само 15 години.
– Тоа беше една од моите најболни истраги – изјавила новинарката.
Харемот обично се наоѓал во подрумот на неговата резиденција.
-Тие жени биле принудени да се појават пред него во долна облека, тој можел да дојде во секое време од денот или ноќта. Тие биле силувани, тепани, изложени на најлошите видови на сексуално понижување. За Гадафи силувањето било оружје… начин на доминација на другите – жените, очигледно, затоа што било лесно, но и мажите, со поседување на нивните сопруги и ќерки – објаснила новинарката.