Талибанците денеска јавно камшикуваа девет мажи осудени за различни злосторства во јужен Авганистан.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар, Хаџи Заид, на Твитер напиша дека камшикувањето се случило на спортскиот стадион во Кандахар, главниот град на истоимената провинција.
– Секој човек беше камшикуван помеѓу 35 и 39 пати пред талибанците и верските службеници и локалните жители во публиката, рече тој.
Нема информации какви кривични дела извршиле мажите.
Строгите правила според шеријатот, Талибанците ги спроведуваат откако дојдоа на власт во 2021 година.