БЕШЕ СВЕТСКИ СЕКС СИМБОЛ НА 50-ТИТЕ И 60 ТИТЕ: Почина италијанската филмска дива Џина Лолобриџида

by Тони Зографски

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, јави Анса.

Лолобриџида се прослави во 1950-тите како медитерански секс симбол, а подоцна работеше како фоторепортер и скулптор откако го напушти светот на филмот, објави Ројтерс.

Некои од нејзините најзабележителни филмови се: „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Звонарот од Нотр Дам“.

Нејзината филмска кариера почнала да бледнее во втората половина на 1960-ите, по што повеќе се посвети на фотографирањето, вајарството и политиката.

Во август минатата година, Лолобриџида се кандидираше за сенатор на претстојните национални избори на крајот на септември. Таа беше номинирана од предизборната листа Суверена и народна Италија, која ја поддржуваат Комунистичката партија, Социјалистичката партија, движењето Граѓанска акција, Сè уште е Италија и Да се ​​врати Италија.

Лолобриџида, која ја напушти седмата уметност пред околу 30 години, учествуваше во 1999 годинa на изборите за Европскиот парламент, но не беше избрана, бидејќи имаше едвај 10.000 гласови.

останати вести