477
Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос на Апенините, Матео Месина Денаро, пренесе Ројтерс денешното пишување на италијанската новинска агенција АНСА.
Месина Денаро важи за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година.
Денаро, со прекар Дијаболик, е уапсен во приватна клиника во Палермо. Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.
![]()
