Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го изгризале кучиња скитници во Велика Иванча кај Младеновац.
Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на кучето е повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне.
Таа со лекари од Итна помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Во меѓувреме се појавил соседка и заклучила три од наводно пет кучиња во бокс.
– Човекот бил во седечка положба кога го пронашле. Ја повикал сопругата која дошла мислејќи дека е болен, но кога пристигнала веќе било доцна – раскажуваат соседите.
Според информациите кои вечерва ги пренесуваат медиумите во Србија, трите кучиња кои го искасале човекот кој подоцна почина се кучиња со јасни докази за сопственост, според изјава за Танјуг од Ветеринарија Белград.
Трите кучиња носеле ремчиња со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.
Како што рекоа за Танјуг во Ветерина Белград, едно од кучињата е од расата Стафорд, едното е мешавина од Стафорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло.
Сите три кучиња се во карантин на Ветеринарија Белград.
Инаку, медиумите во Србија наведуват дека починатиот Радосављевиќ беше новинар на поранешното Студио Б и директор на програмата НТВ Студио Б. Тој е еден од основачите на продукциската група Мрежа, а извесен период беше и директор на белградскиот медиумски центар.
Според полицијата, аналитичарот бил нападнат од глутница три кучиња скитници. Од српското МВР истакнуваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал на лице место и дека неговото тело е однесено на обдукција.
Радосављевиќ бил новинар, порано во „НТВ Студио Б“ и е еден од основачите на „ПГ Мрежа“. Едно време беше и директор на Медија центарот.