Опра Винфри често го истакнуваше проблемот со прекумерната тежина. Меѓутоа, со помош на една диета успеала да ослабе дури 20 килограми.
Со текот на годините, познатата водителка била на различни диети, но откако ќе ослабела, килограмите секогаш се враќале. Сепак, таа успеала да го реши долгогодишниот проблем со килограмите со промена на исхраната.
За појадок, Опра јаде сендвич со јајце, авокадо, шунка или домат со леб од цело зрно и чај.
За вечера секогаш избира риба и зеленчук. Исто така, често консумира вино и разни коктели.
Покрај промената на исхраната, славната Опра во секојдневието ја вклучила и физичката активност. Често планинари со другарките, што дополнително ѝ помага да ја одржи новата тежина.