Момче од Западна Австралија е пронајдено мртво во базенот на соседот, откако неговото семејство неодамна се преселило во нова куќа.
Ајзак Пауел (3) бил во својот нов дом во Ливингстон на 29 декември, кога неговата мајка забележала дека го нема. Во паника почнала да го бара во соседството, соседите дотрчале да помогнат, пред децата да го најдат во базенот на соседот по 15-тина минути.
Неговата мајка Захра му давала вештачко дишење додека не дојде брзата помош која го однела во болницата во Перт. Момчето поминало пет дена на апарати за одржување, но не успеало да се опорави.
Неговата тетка Уму Бакри рече дека семејството се преселило во предградие во близина на училиште кое имало добра програма за деца.
“Таа беше толку возбудена за иднината, сакаше да заврши сè за семејниот собир во новата куќа. Додека се средуваше, забележа дека нејзиниот син го нема”, рече Бакри.
Не ни помислила дека тој успеал да влезе во дворот на соседот и да падне во базенот, пренесува Дејли Меил.
Децата на соседот го нашле безживотното тело во базенот во нивниот двор.
Захра успеала да му го врати пулсот на синот, но за жал тој починал по пет дена во болница.
Покрената е кампања за собирање средства за помош на семејството, а досега се собрани повеќе од 17.000 долари,пренесе Телеграф.рс.