Светлана Ражнатовиќ Цеца, постојано е активна на социјалните мрежи, поставувајќи нови фотографии.
Очигледно е дека и неа ја има фатено новогодишната еуфорија, на својот Инстаграм профил, таа постави нова фотографија, со долга и интересна порака до неа.
„Драги мои, премногу околу нас има провокации, навреди и непримерно однесување. Моја желба е да имаме заедничка цел и да покажеме дека сме имуни на тоа, да не ги вреѓаме останатите и да не поврзува исклучително убава емоција. Знам дека не барам многу од вас, но поради нашата масовност можеме да бидеме светол пример дека е можно да се има здраво и културно опкружување на друштвените мрежи. Со љубов, ваша Цеца“, соопшти таа на социјалните мрежи.