Во неделата низ скопските улици на убавото сончево време скопјани ги поздравија групата веспаџии од Веспа клубот Скопје кои традиционално продефилираа на однапред утврдената рута.
Стартната позиција беше единствениот скопски Веспа Бар чии сопственик Томи Младеновски е всушност и Претседател на Веспа клубот Скопје. Клубот брои преку 60 членови, повеќето млади скопјани сопственици на било кој модел од типот на Пиаџо Веспа.
Возењето продолжи низ улиците на Дебар Маало каде преку улицата Орце Николов и Соборен Храм се упатија кон плоштадот Македонија. Потоа по слична рута веспите се упатија кон Веспа Бар каде имаше предновогодишно дружење проследено со кафе, муабет.
Инаку услов да се биде дел од Веспа клубот Скопје е само желба за пријатно дружење и секако да се поседува Веспа од било кој модел.