Бензинот и дизелот во Србија од денес во 15 часот до следниот петок поевтинуваат за три и два динари, максималната цена на литар еуропремиум БМБ 95 ќе биде 164 динари, а еуродизелот ќе чини најмногу 197 динари.
Цената на евро премиум БМБ 95 до денес до 15 часот е 167 динари, на еуродизелот е 199 динари, а за земјоделците цената на дизелот не е променета и литар чини 179 динари.
Регулативата за ограничување на цената на нафтените деривати е на сила до крајот на декември, како и одлуката за привремена забрана за извоз на еуродизел EN 590.