Рејчел Кејтлин, позната како Рејчел Ми, инфлуенсерка и модел на платформата„Онли фанс“, почина само неколку дена пред првиот Божиќ на нејзиниот син Киро. Таа имаше само 26 години. Пред нејзината смрт, ѕвездата на социјалните мрежи создаде страница „GoFundMe“ за да собере пари за иднината на нејзиниот син.
Рејчел е по потекло од Њукасл и има над 40.000 следбеници на Инстаграм, честопати покажувајќи ги своите манекенски вештини на својот профил и промовирајќи ги своите страници на„Онли фанс“и „Плејбој“.
На гореспоменатата страница за собирање средства, на која досега беа собрани неколку стотици од буџетот на нејзиниот син Каиро од 5.000 фунти, пишуваше: „Овој Божиќ ќе биде прв за Каиро, а неговата мајка нема да биде со него, сите сме толку тажни поради оваа страшна вест, овој свет изневери една толку убава млада дама… Чувствуваме дека можеме да собереме средства за иднината на Киро само за да тргнеме дел од товарот од семејството на Рејчел и да помогнеме на некој начин. Или дури и да му дадеме на Киро малку почеток во животот со собирање средства во спомен на неговата убава мајка“, пренесува Б92.
Вториот „GoFundMe“ беше формиран наводно во име на семејството на манекенката за трошоците за нејзиниот погреб, при што беа собрани 5.000 фунти од потребните 10.000 фунти.