Го убила очувот бидејќи пронашла свои голи фотографии на неговиот компјутер: Судот во Калифорнија ја осудил дизајнерката на доживотната робија (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Дизајнерката за ентериер Џејд Џенкс  е прогласена за виновна за труењето на својот очув, откако на неговиот компјутер пронашла свои голи фотографии. Таа е осудена во Калифорнија на доживотна робија поради убиство на Томас Мериман, наведува „New York Post“.

Во текот на целото судење зборувала дека нејзиниот очув умрел од болест и дека е невина.

Исто така признала дека била ужасната кога на неговиот компјутер пронашла повеќе од 100 свои разголени фотографии, кои ги направила пред повеќе од десет години во договор со тогашното момче.

„Ова не било несреќа. Ова е планирано убиство“, рекол заменик на окружниот обвинител Хорхе Дел Портиљо.

Нејасно е како Мериман, локален активист за пеперутки, дошол до овие фотографии. Една од нејзините голи фотографии очигледно била негов „скринсејвер“.

Обвинителите и кажале на поротата дека Џенет ги открила фотографиите додека го чистела станот на Мариман откако бил хоспитализиран. Нејзината мајка повеќе не била мажена со него, но двајцата и натаму биле блиски.

Image

Адвокатите исто така на поротата и претставиле текстуално пораки кои Џенкс ги напишала во кои рекла дека го „пратила по ѓаволите“ откако го собрала од болница.

„Ќе го удрам по главата додека се буди“, пратила уште една порака. На две лица им признала дека го убила, рекле адвокатите.

Нејзиниот адвокат Марк Карлос разговарал со медиумите по пресудата, инсистирајќи дека има нула докази дека таа го убила.

„Џејд Џенкс го сакаше својот очув. Том Мериман ја сакал неа. За жал, Том бил проблематичен човек и ја сакал на различни начини“, рекол Карлос.

Причината за смртта е утврдена како акутно труење со золпидем, средство за спиење. Мариман е пронајден мртво под картонски кутии на приодот кон неговата куќа на 2-ри јануари 2021-ва година.

останати вести