Пресврт во случајот со малолетното момче – чие тело беше извлечено од реката Пена во Тетово, во близина кај месноста Бањиче…

Според информации на Алсат, полицијата истражува дали момчето било убиено. Уапсена е малолетна девојка на 17 годишна возраст, а по уште едно лице се трага. Девојката следниве денови ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствената состојба, изјави за Алсат адвокатот на девојката.

-Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работат. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан, изјави адвокатот на девојката Ибраим Бајрами.