Фудбалската легенда Синиша Михајловиќ минатиот петок ја загуби битката со леукемијата, а зад себе ги остави сопругата и шесте деца меѓу кои има и вонбрачен син кој не живеел со него.
Како фудбалер, но и тренер познато е дека тој во текот на целиот живот и кариера се стекнал со големо богатство кое ќе го наследат неговите наследници.
Се знае дека тој поседува раскошен стан во Рим, вила во Порто Черву, планинска куќа во областа Абруцо…
После смртта на фудбалската легенда, многу се запрашале на кого ќе припадне неговиот имот… Во бракот со Аријана Рапачони, тој има пет деца, а предходната вонбрачна врска, тој има син.
„Без оглед на тестамнетот, наследството на Михајловиќ ќе мора да се подели и со вонбрачниот син Марко. Така вели и граѓанскиот закон. Тука се нормално, сопругата Аријана, со која има две ќерки и три сина.
Да потсетиме. Марко го запознал татко му кога имал само единаесет години. Иако Синиша имал намера со него да контактира кога ќе стане полнолтен, неговата сопруга Аријана таа одлука ја забрзала и успеала да го натера Синиша да го стори тоа на нивната слава, Свети Никола.