Македонскиот кандидат „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска не влезе во потесната конкуренција за номинација за Оскар за најдобар странски филм. Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес, која ги доделува најпрестижните филмски награди, ги скрати листите за номинација во десет категории, при што ги избра и 15-те филмови кои продолжуваат да конкурираат за Оскар за најдобар странски филм.
Инаку, „Најсреќниот човек на светот“ ја доживеа својата светска премиера на годинашниот Венецијански кинофестивал, а потоа се прикажа и во Торонто. Главните улоги ги играат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во споредните улоги се јавуваат Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, меѓу останатите.
Филмот е копродукција меѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.