Секој хороскопски знак си има позитивни и негативни карактеристики. Многу често не сме свесни за нашите негативни одлики и за нивното влијание врз нашиот живот и нашата карма. За среќа, вашиот хороскопски знак може да ви открие кои се навиките од коишто треба да се ослободите и каква карма произлегува од нив.
Овен
Една од најслабите точки на Овните е нивната импулсивност, нетрпеливост и во многу случаи – агресивност. Овде спаѓаат и многуте постапки кои имаат сериозни последици, вклучувајќи и губење време. Ако сакате да го избегнете непотребното трошење време на исправање на грешките, едноставно обидете се да размислувате пред да реагирате. Почекајте ситуацијата да стане позитивна за делување.
Бик
Биковите имаат голема предиспозиција за тврдоглавост. За многу овој квалитет може да е знак за вашата амбициозност, но со ова можете да им помогнете на многу непријатели. Секогаш обидувајте се да бидете трпеливи. Верувале или не, и другите имаат свои ставови и цели. Почитувајте ги и ќе ве почитуваат и вас.
Близнаци
Близнаците имаат сериозен проблем со фокусирањето, па трошат премногу време движејќи се од една кон друга тема. Притоа не навлегуваат длабоко во ништо и често не ве сфаќаат сериозно. Обидете се да го промените ова и ширете позитивна енергија. Ова ќе ви помогне да ги завршите проектите што сте ги започнале и да созреете како личност. На крај ќе бидете благодарни и задоволни.
Рак
Раковите често се депресивни и постојано живеат во минатото. Обидете се да ја насочите енергијата кон сегашноста и живејте во искуствата што ви се случуваат сега. Вашата позитивна енергија ќе ви помогне да излезете од таа фаза и другите конечно ќе можат да уживаат во вашето друштво.
Лав
Сè е во ред кога нештата се одвиваат според вашите планови. Но ако нешто не е како што сте очекувале, вашите емоции се претвораат во неконтролиран бес. Обидете се да бидете поскромни и немојте да мислите дека заслужувате сè најдобро. Луѓето ќе почнат да ги ценат вашите идеи.
Девица
Девиците често се зафатени и го трошат своето време на деструктивни критики наместо на постигнување на нивните цели. Обидете се да ги прифатите работите онакви какви што се и тоа ќе ви помогне да се движите напред. Ако продолжите по старо, ќе сретнувате само луѓе кои мислат дека сте мрзливи.
Вага
Вие сте навистина неодлучна личност со пасивност која води до лоши навики. Најчесто не внимавате на вашата исхрана и физичката активност, па можно е да се соочите со вишок килограми кои ве прават несигурни. Обидете се да излезете од овој круг. Одморете се и почнете да уживате во успехот кој ќе дојде со промената.
Скорпија
Една од најважните карактеристики на Скорпиите нивната сличност со животното што ги претставува. Тие секогаш се подготвени да ги „боцнат“ луѓето кои ќе им застанат на патот. Често ги обзема лутина и поради последиците од нивните постапки остануваат отуѓени. Не мора да ги заборавите сите грешки, но престанете да ја вложувате целата енергија во нив. Наскоро ќе добиете нешто добро и ќе продолжите понатаму.
Стрелец
Стрелците размислуваат брзо па поради ова се искрени луѓе кои ја пренесуваат нивната позитивност на сите околу нив. Но за жал кога некој е премногу искрен, не мисли дека со своите зборови ги повредува другите. Стрелците знаат да бидат себични и да не се грижат за мислите и чувствата на другите. Обидете се да размислите пред да кажете нешто за вашата вистина да им биде пријатна на другите.
Јарец
Песимизмот на Јарецот често му е и најголем непријател. Јарците сметаат дека нештата едноставно ќе тргнат на лошо и веднаш ја обвинуваат нивната среќа или некој друг. Ако сте успеале да завршите сè што зависи од вас, ќе можете да ја промените вашата судбина и да уживате во вашата нова перцепција за светот. Можеби е поедноставно да се жалите, но на крај секако ќе се соочите со последиците.
Водолија
Водолиите започнуваат повеќе проекти отколку што можат да завршат. Поради ова немаат време за другите аспекти од нивните животи. На крај доаѓа до заладување на односите со речиси сите. Обидете се да им обрнете внимание на пријателите и семејството бидејќи само тие ќе бидат со вас во тешките моменти. Секогаш е добро да имате пријатели.
Риби
Една од главните карактеристики на Рибите е нивната неодлучност. Луѓето околу вас ве гледаат како личност која прави сè што ѝ велат другите. Ова ве уништува и не ви дозволува да го покажете вашето вистинско лице. Обидете се да преземете одговорност за вашиот живот и не им дозволувајте на другите да го злоупотребуваат она што се крие внатре во вас.