Научниците од кинеската компанија Синовак кои работат на изработка на вакцина против ковид-19, како што велат, 99 отсто се сигурни дека таа ќе биде ефикасна.
Имено, на прашањето на Скај њуз дали вакцината ќе биде успешна, научникот Луи Бајшан одговорил:
-Да, да. Мора да биде успешна… сигурен сум 99 отсто.
Инаку, во лабораториите на компанијата Синовак со седиште во Пекинг во моментов се спроведува втората фаза на испитување на вакцината во која учествуваат 1.000 доброволци. Компанијата е во преговори третата последна фаза на испитување да се изврши во Велика Британија.
Минатиот месец Синовак објави резултати кој покажаа дека нивната вакцина КоронаВак ги штити мајмуните од коронавирусот. Сега, како што велат од компанијата, најголем проблем се малиот број на заболени од ковид-19 во Кона, што го отежнува тестирањето, па најверојатно тоа ќе продолжи во друга земја.