Потпретседателот на „Беркшир Хатавеј“, Чарли Манџер (96) е најпознат како долгогодишен човек од доверба на инвестициската легенда, Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 1,7 милијарди долари.
Покрај неговата улога заедно со Бафет, Манџер е претседател на „Дејли Журнал“ и е член на управниот одбор на ланецот за малопродажба „Костко“.
Едно од најчестите прашања со кои се среќава Манџер е што е тајната на долгиот и среќен живот, во неговиот случај, исто така, исклучително успешен.
Неодамна, милијардерот одговори на ова прашање со низа „едноставни“ совети.
Не бидете премногу завидливи
Не бидете премногу незадоволни
Не трошете повеќе отколку што заработувате
И покрај вашите проблеми, останете весели
Работете и соработувајте со луѓе од доверба
Правате го она што треба да го правите – вашата работа
Неговиот рецепт е логичен, вели тој.
„Паметно е да се остане секогаш весел“, рече Манџер и за да го постигнете тоа, важно е да се ослободите од негативните чувства.
„А дали можете да бидете среќни кога апсолутно ќе потонете во длабока омраза и огорченост? Секако дека не можете. Па, зошто би го прифатиле тоа?“, рече милијардерот.
Чарли Манџер пораснал во Омаха, Небраска, како и неговиот партнер Бафет и работел во самопослугата на дедото на Бафет, како и самиот Бафет.
„Сепак, тоа беше 1959 година пред да го запознам Чарли, долго откако тој ја напушти Омаха за да го направи Лос Анџелес свој дом. Јас тогаш имав 28, а тој 35. Лекарот од Омаха, кој не запозна, предвиде дека ќе успееме – и успеавме“, напиша Бафет за својот долгогодишен партнер во годишното писмо до акционерите за 2014 година.
Пред да се приклучи на „Беркшир Хатавеј“, Манџер прво работел како адвокат кога работел за 15 долари на час, а исто така бил и архитект.
Бафет му препишува на Манџер голем дел од успехот на Беркшир Хатавеј.
„Затоа, Беркшир е изграден според дизајнот на Чарли. Мојата улога беше генерален снабдувач, а извршните директори на подружниците на Беркшир ја завршија вистинската работа како подизведувачи“, вели Бафет.