Бизарна приказна се случила во селото Сурка, во романската општина Балкачи.
Се започнало кога загрижената ќерка ги замолила соседите да ја проверат мајка ѝ, бидејќи таа два дена не се јавила на телефон.
Веднаш штом влегле во куќата, ја виделе жената како лежи на подот и го известиле загриженото семејство дека таа починала.
„Постојано одеше во црква, не пропушти ниту една литургија иако имаше 94 години. Излегла во дворот, разговарала на телефон со децата. Во понеделникот ми се јави нејзината ќерка и ме замоли да проверам што се случува“, изјавила сосетката за медиумите.
Таа додава дека несреќната жена ја нашле на подот како лежи неподвижно.
„Имаше еден чорап на нозете. Веројатно се обидувала да го навлече кога паднала. Имаше мозочен удар“, рече тој.
Ја известиле ќерка ѝ што се случило.
„Ѝ кажав дека починала, но не се приближив до телото. Ѝ предложив да контактира со погребалното и да дојде со семејството“, посочува сосетката.
Ќерката веќе го организирала купувањето на ковчег, но не можела да најде кој да го изврши погребот на телото на нејзината мајка. Затоа сама дошла во куќата, пренесува Обсервер.
Штом ја здогледала мајка си почнала да плаче и ја фатила за рака. Тогаш целосно се преплаши, бидејќи жената ги отворила очите.
„Ја држеше за рака, но не можеше да зборува“, рекол првиот сосед.
И додека селото се подготвувало за погреб, несреќната жена била пренесена во болница. За жал, нејзината состојба е сериозна и лекарите се обидуваат да ја одржат во живот.